Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД

Израелската армија во текот на ноќта гаѓала цели низ јужен Либан, додека движењето Хезболах соопшти дека води интензивни борби во регионот, што е нова ескалација на конфликтот кој е закана по мировниот договор меѓу САД и Иран.
Според либанските медиуми, во израелските напади загинале најмалку 16 лица. Израелската војска потврди дека операциите се во тек, без да даде дополнителни детали за жртвите.
Продолжувањето на борбите во Либан може да го загрози новопотпишаниот договор меѓу Иран и САД, во кој се повикува на итен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан. Договорот содржи и одредби што имаат за цел деескалација на конфликтот и зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Либан.
Израелскиот премиер, Банјамин Нетанјаху, кој се подготвува за избори подоцна годинава, изјави дека израелските трупи ќе останат во Либан додека не се елиминираат, како што наведе, заканите од Хезболах.
Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го откажа планираното патување во Швајцарија каде требаше да учествува во преговори за траен крај на конфликтот. Белата куќа како причина наведе логистички проблеми, иако одлуката дојде по информациите дека иранската делегација ја одложила посетата поради тековната израелска кампања во Либан.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во Версај потпиша мировен меморандум со Иран што веднаш стапи на сила.
Во изјавите по потпишувањето на документот, Венс упати отворено предупредување до Израел, наведувајќи дека Трамп е „единствениот шеф на држава во светот кој во овој момент има благонаклонет став кон Израел“.
МИА
Ново на Сител
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
