Повторно активен пожарот кај Штип, зафатени викендици, повредено едно лице

Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере во Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК, посочуваат дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и 4 противпожарни возила. Во гаснењето се вклучи и ДПД Штип со 4 возила и 12 членови.
-Од пожарот се зафатени сува трева и грмушки, а поради силниот ветер тој брзо се шири на тешко пристапен терен. Од пожарот се зафатени и неколку викендички. Поради влошување на состојбата, покрај екипите на ТППЕ Штип и ДПД Штип, повикани се и екипи од околните територијални противпожарни единици во регионот. Активиран е и авион на Дирекцијата за заштита и спасување, а преку ЕЛС е побарана дополнителна помош од соседните општини, соопшти ЦУК.
Оттаму нагласуваат дека пожарот добива на интензитет, а сите расположливи локални единици се ангажирани на терен во обид да се стави под контрола огнената стихија.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
