Потресна приказна на македонско семејство кое живее во Шведска - 22 месеци без својата ќерка
22 месеци трае агонијата на семејството на Сашо и Виолета Стојановски, нашинци од Куманово кои заминале да живеат во Шведска. 5 Јули 2024 година, полициска рација пред нивниот дом, животот ќе им го претвори во пекол – државата ќе ја одзеде нивната 23 годишна ќерка Мелани – девојче со Даунов синдром. Таткото на Мелани е пријавен од страна на законскиот асистент за наводна присила на брак. Иако обвинението еднаш било поднесено и одбиено како неосновано, сепак втората пријава значело одземање на детето. Oд тој момент сонот за подобар живот во Шведска се претворил во кошмар, а правната битка за враќање на ќерката во тунел без излез.
Законските прописи во Шведска налагаат личност со попреченост од 18 години да добие свој законски асистент. Семејството на Мелани истиот го добиле по службена должност а несогласувањата со неа почнале заради поплаки дека не ја врши работата. Таа во името на Мелани поденела пријава во јуни 2024, кога таткото бил однесен во полицикса станица со подигнато обвинение за присилен брак – истото обвинение пота ќе биде одбиено.
Откaко семејството се вратило од одморот во Турција и помислиле дека се е во ред, еден обичен петок, - 5 јули ќе го промени нивниот живот. Додека Сашо и Виоета биле на работа, полицијата повторно доаѓа пред нивниот дом, овој пат многупобројни од првиот пат. Семејството ќе биде повикано во станица, а во станица ќе биде однесена на испиутвање и ќерката Мелани, со образложение дека за неколку часови ќе ја вратат. Тие неколку часови, сега се 22 месеци. 22 месеци во кои семејството останува без трага и глас
Од моментот кога Мелани била одземена од нив, семејството преку свои канали еднаш успеало да дојде до телефонски број на кој се јавила нивната ќерка. Во разговорот кој потоа е преведен и препишан, Мелани низ солзи бара да се врати дома. Ваквиот доказен материјал е однесен во полиција, но Сашо вели, никаква постапка од тоа не видовме. Бројот повеќе не постои.
Семејството Стојановски речиси две години удира во ѕид секогаш кога ќе се обрати до шведските инситутции па затоа помош бараат во Македонија, од нашите институции. Се обратиле до владата, социјално и народен правобранител.
Нивната желба е една и јасна: Мелани да се врати дома – таму каде што 23 години живееше среќно
Се обративме до народниот правобранител, од каде ни одговорија дека се запознаени со случајот, но засега одговори од меѓународните институции нема. Заради сензитивноста на случајот не може да отрикваат повеќе детали
“Ве известуваме дека до Народниот правобранител е доставена претставка по која е оформен предмет, а која се однесува на постапување на надлежни органи во Кралството Шведска во врска со одземање на лице од семејството.
По разгледување на наводите во претставката, утврдено е дека станува збор за постапка што се води пред органи на друга држава, без вклученост на институции на Република Северна Македонија.
Согласно своите законски надлежности, Народниот правобранител може да постапува во однос на работата на органите и институциите во Република Северна Македонија, додека за конкретниот случај подносителот е упатен за дополнителна заштита на своите права да се обрати до надлежните институции и омбудсманот во Кралството Шведска. Воедно, подносителот е советуван и за можностите и начинот на кој може да побара вклучување и поддршка од надлежни институции во Република Северна Македонија, согласно нивните законски надлежности.
Во однос на Вашето прашање, Народниот правобранител досега нема воспоставено директна комуникација со шведскиот омбудсман ниту, пак, е добиен официјален повратен одговор од странски институции во врска со конкретниот предмет.
Имајќи ја предвид сензитивноста на случајот и обврската за заштита на приватноста, не сме во можност да споделуваме повеќе детали за предметот.“.
Се обративме и до МНР, од каде посочија дека луѓето во Амбасадата во Шведска работат со семејството и што има некоја информација ќе ја споделат.
Семејството Стојановски бара нивната ќерка да се врати дома, а доколку не се случи тоа во најбрз можен рок, ќе организираат и мирни протести.
Ново на Сител
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
-

Пет пријави, а три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие
-

Јаневска најави лиценцирање на училишните психолози, Ѓорѓиевски ќе разговара со директорите за забрана на мобилни телефони на настава
-

Малолетник нападнат во трговски центар во Скопје од газда на угостителски објект
-

Полицијата пронајде и одзеде 10 килограми риба од жител на Криволак
