Македонија
3. January 2024 - 12:19
Потребна е поголема грижа за иконите
Украдените икони од верските храмови многу често завршуваат во други зенји и кај приватни колекционери.Професорот и член на Ману Цветковски вели дека тешко се идентификуваат бидејќи на нив се правени конзерваторски интервенции, но од голема помош е документацијата и евиденција која била создавана од стручни лица во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, како и богатиот фото материјал со кој се покриени сите предели и цркви во Македонија.
Културното наследство покрај чувањето во депоа треба да се презентира во повеќе музејски збирки и институции.
Во периодот од 2008 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, од каде што се однесоа стотици икони.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
