Македонија
20. August 2026 - 8:33

Потпишување Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија

Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ќе биде потпишан денеска во просториите на  Министерството.

Како што соопштуваат од Министерството за финансии, Меморандумот ќе го потпишат министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски.

- Целта на Меморандумот е унапредување на соработката помеѓу двете институции, афирмација на областите од заеднички интерес, зајакнување на меѓусебните институционални врски и разменување искуства, знаења и податоци, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

 

МИА