Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
Туристите во делови на островите Мајорка и Ибица ќе се соочат со високи казни за пиење алкохол на улица, откако властите на Балеарските Острови на Шпанија ги заострија законите, инаку првпат воведени во 2020 година.
Покрај забраната за алкохол на улица, новите правила им налагаат непродавање алкохол доцна навечер. Засилени се и контролите на платформите за забави. Имено, туристите може да бидат казнети со 750 - 1.500 евра доколку нивното пиење на јавно место „го нарушува соживотот или мирот“ во животната средина. За посериозен прекршок, има и казни од 1.500 до 3.000 евра.
Правилата се применуваат во три одморалишта на Мајорка - Лукмајор, Палма и Калвија, како и Сан Антонио на Ибица.
Забраната важи за една морска милја (1,85 км) од брегот за сите овие дестинации, а на бродовите за забава им е забрането да се приближуваат и им е забрането да земаат или оставаат патници во овие области. Исклучок каде што може да се пие на улица се терасите на баровите или рестораните, или другите области каде што тоа е дозволено со закон.
Продавниците кои нудат алкохол ќе мора да затворат меѓу 21:30 и 8:00 часот.
Ново на Сител
-

Лукровски повторно на работа, ги демантира шпекулациите за оставка
-

Воениот врв на НАТО, од Скопје најави оптимизација на мисијата на КФОР
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
