Македонија
24. November 2023 - 16:57

Посакувано место во антикорупциска

Нови 13 пријавени кандидати за членови на Државната Комисија за спречување на корупција одговараа на прашањата на Парламентот. Сите се сметаат за компететнтни за позицијата антикорупционер. Актуелниот член на ДИК Борис Кондарко, кој се пријавил за член на новиот состастав на Антикорупциска, не гледа судир на интереси во неговата кандидатура. Вели секој имал право да конкурира за секое работно место.

За адвокатот Владимир Клековски, најголем ризик фактор за ширење на корупцијата е неказнивоста за коруптивните дела.

Со 30-годишно искуство во борбата со справување со корупцијата, Киро Костов најави дека ќе се залага за отворање на што поголем број на случаи, но и нивна завршница.

По информациите кои ги лиферуваа политичките партии со објавувањето на списокот на кандидатити, дека пријавениот накил Фетаи е брат на обвинителката Фатиме Фетаи, тој демантира дека е во било какво сродство со неа.

До утре треба да завршат интервјуата на сите 41 кандидат кои ги исполниле условите за селекција, по што ќе следува поединечно бодување. Новиот избран состав на Антикорупциска, треба да стави на функција на 8 февруари.