Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски

Македонскиот кикбоксер Лука Кипровски ја загуби борбата на поени против Лазар Кликовац, но настапот донесе значајно искуство за неговиот понатамошен развој.
Во текот на мечот, Кипровски беше попасивен и не ја наметна офанзивата по која е препознатлив. Му дозволи на противникот да ја води борбата, додека самиот се фокусираше на контри, што на крајот резултираше со пораз на поени.
Дополнителен фактор беше и категоријата – борбата се одржа во -86 кг, што не е природна тежинска класа за Кипровски, кој настапува во -81 кг. Сепак, тимот ја прифати оваа борба со цел да се стекне искуство и да се унапреди неговиот развој како борец.
И покрај поразот, Кипровски важи за дисциплиниран и посветен спортист, кој не штеди на тренинзите и континуирано напредува. За кратко време има постигнато значајни резултати, а со повеќе искуство и тренинг-борби се очекува да се изгради во комплетен борец, подготвен да се носи со различни стилови и предизвици.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
