Поранешен директор на американска банка осуден на 30 години затвор за дрогирање и силување жени

Поранешниот извршен директор на американската инвестициска банка „Ситигруп“, Едвард Џин Смит осуден е на 30 години затвор поради низа сексуални злосторства извршени од 2015 до 2024 година.
Смит е осуден од Судот во Менхетн откако призна вина за сексуалните злосторства, примање на детска порнографија и попречување на правдата.
Одбраната тврдеше дека „главната причина“ за неговите кривични дела е нарушување од спектарот аутизам и оти 50-годишниот Смит бил „скршен од сознанието дека погрешно ги сфаќал односите со жените, за кои сметал дека се негови девојки, а тие средбите ги доживувале како сексуална злоупотреба без согласност, дури и силување“.
Обвинителите ја оценија одбраната на Смит како глупост.
Тоа е навредлива клевета на луѓето од аутистичната заедница. Покрај тоа, тоа е целосно некомпатибилно со она што го сторил обвинетиот и начинот на кој го сторил тоа, соопшти обвинителството.
Според обвинението, Смит намамувал млади ранливи жени од странство и од САД, во неговиот стан во близина на Централниот парк во Њујорк со ветувања за финансиска сигурност. Таму ги дрогирал за да ги онеспособи пред да ги силува.
Обвинителството соопшти дека Смит поседувал десетици илјади досиеја со „грозоморен“ материјал за сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи слики од мали деца и доенчиња.
Обвинителите тврдат дека Смит бил свесен за последиците од своите постапки бидејќи во 1998 година, една година по дипломирањето на Харвард, во студентскиот весник „Харвард Кримсон“ објавил: „Постои нешто особено трауматично во тоа да бидеш силуван од некој што го познаваш, па дури и му веруваш или го сакаш. Правото да се каже не на сексот е човеково право, фундаментално право на контрола на сопственото тело“.
„Ситигруп“ соопшти дека веднаш повела постапка за отказ на Смит откако дознала за полициската истрага, долго пред обвинувањата за неговото однесување да станат јавни.
Соработувавме со органите за спроведување на законот во обид да обезбедиме правда за жртвите на овие гнасни злосторства, соопшти банката.
МИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
