Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки

Поради зголемувањето на цената на деловите и на услугите на сервисерите, сè повеќе сопственици на возила ја одложуваат посетата на сервис за проверки и поправки.
Неодамнешно истражување на Германското здружение на осигурителни компании (ДАТ) утврди ново зголемување на цената на резервните делови и на дневниците на бензинските станици. Растот на трошоците за поправка на возила, којшто трае со години, продолжи со несмалено темпо во 2025 година, достигнувајќи нови рекорди. Просечната цена на поправка во 2025 година изнесуваше рекордни 764 евра, што е зголемување од 6,4 отсто во однос на претходната година, кога сопствениците на автомобили плаќаа во просек 718 евра. Последиците се јасни: Сè повеќе сопственици на автомобили ги одложуваат одењето на сервис, проверките и поправките. Причините за зголемувањето на трошоците се повеќекратни. Геополитичките неизвесности и економските флуктуации ги зголемија цените на резервните делови и работното време, додека и зголемената технолошка комплексност на современите возила ја прави секоја интервенција потешка и поскапа. Електричните системи, електронските контролни единици и мноштво чувствителни компоненти се особено подложни на дефекти, а нивните поправки стануваат сè посложени и, следствено – поскапи, секоја година.
Според извештајот на ДАТ за оваа, 2026 година, речиси 60 отсто од корисниците велат дека поретко посетуваат автосервиси, токму поради високите цени. Ова директно ги загрозува приходите на сервисните услуги, но и безбедноста на возилата што не се одржуваат редовно.
Ова го потврдуваат и податоците од „Каргаранти (CarGarantie)“, коишто анализираат околу милион истечени гарантни договори годишно.
Електричниот систем е најчеста причина за дефект и кај новите и кај половните возила. Кај новите автомобили, тој учествува со дури 28,8 отсто од сите поправки, а првпат го презема и водството како најскапа компонента, со учество од 19,3 отсто од вкупните трошоци. Кај половни автомобили, моторот сè уште останува најскапата ставка со 24,2 отсто, но електричниот систем, исто така, брзо „напредува“ и кај ваквите возила. Индикативно е и кога говориме за дефектите – повеќе од една четвртина, или 27,5 отсто, се случуваат во првите 5.000 минати километри, додека 20 отсто се забележуваат по 25.000 километри.
Кај половни возила, сопствениците пријавуваат дефекти во дури 26,7 отсто од случаите само една година по купувањето, што укажува дека многу од нив ги игнорираат проблемите долго време пред да побараат помош.
Ново на Сител
-

УХМР: Во вчерашното невреме на повеќе локации во државата беа регистрирани оркански удари на ветер
-

Мицкоски за штетите од невремето: Имаме механизми за помош, никогаш не сме ги оставиле граѓаните да се снаоѓаат сами
-

Над 30 повредени во силното невреме што вчера го зафати Скопје
-

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години
-

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите, владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција
-

Сали: Евроинтеграцијата бара заедничка одговорност и консензус, политичките разлики не треба да ги блокираат реформите и придобивките за граѓаните
-

Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот
-

Откриен споменик на Махатма Ганди во Скопје, траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа
