Македонија
16. March 2022 - 16:43

Попладневна седница за обезбедување кворум, опозицијата не се откажува oд нов пакет антикризни мерки

Опозицијата не се откажува од барањето за намалување на акцизата на нафатата и безнините за фискни 50 отсто, независно од цената на нафатата на светските берзи. Откако вчера владејачкото мнозинство го одби овој законски предлог , денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно го поднесе и тоа по итна постапка.

Од власта и понтаму тврдат дека донесените мерките засега се доволни за намалување на ценовниот шок.

Дијалогот меѓу власта и опозицијата заглави и во Комисијата за политички систем за измени на законот за јавно обивнителство поднесени од власта. Со нив се предлага поголема ажурност на Јавнотото обивнителство во поднесувањето на годшините извештаи. Опозицијата вели дека потребни се потемелни измени и бараат работни групи за измени на овој закон кој се носи со 2/3 мнозинство.

Од власта пак, велат дека опозцијата не е кооперативна и најавија повлекување на измените.