Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа кое е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра.
-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК. Во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа. Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра - се наведува во информацијата од МВР.
По целосно документирање на случајот до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МИА
Ново на Сител
-

Тензично во советот на Кисела Вода
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
