Македонија
24. December 2023 - 21:16

Полицијата заплени над 2600 парчиња пиротехника во Скопје, акции се одвиваат и на територија на СВР Охрид

Во пресрет на престојните новогодишни празници на големо се купуваат петарди. И покрај забраната за нивна употреба, неовластено се продаваат во продавници, пазари и на други јавни места. Од СВР Охрид најавија дека вршат засилени контроли со цел пронаоѓање пиротехнички производи деновиве кај Кичево беа пронајдени 3 илјади петарди.

Од охридската полиција, апелираат пред се до младите подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје.

Купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува  прекршок, за кој согласно Законот против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор.