Македонија
7. јуни 2022 - 16:32

Полицијата вработува 600 полицајци

МВР преку оглас бара полицајци.Вработувањето на 600 нови полициски службеници е поради пензионирањето на околу 870 лица од МВР и нема да биде дополнително финансиско оптеретување на буџетот истакна министерот за внатрешни работи Спасовски од Охрид додавајќи дека безбедноста е битна и недостатокот на полицајци неможе да се  надокнади на друг начин.

МВР бара полицајци и тоа најмногу за во Скопје вкупно 100  а 40 се за Охрид и за останатите градови во кој  се пропишани условите-машките кадети треба да бидат минимум 175 сантиметри високи, а девојките –полицајки минимум 10 сантиметри пониски од нив односно 165 сантиметри.Дополнително никој од кандидатите не смее да биде член на политички партии ниту член на органи и тела на политичка партија.Спасовски со апел до младите  да бидат дел од македонската полиција.

Спасовски со апел до младите  да бидат дел од македонската полиција.

Што се однесува пак до безбедносната состојба Спасовски при денешната работна средба со раководството на СВР Охрид нагласи дека е мирна и стабилна без никаквииндикации за нарушување.Споредбено со минатата година за првите пет месеци имало  намален број на кривични дела.