Почнува јубилејниот 70. Евросонг

Јубилејното 70. издание на музичкиот натпревар за песна на Евровизија почнува вечерва во Виена. Австрискиот главен град е украсен со срца и слоганот „Обединети во музиката“ за седмицата кога пејачи од 35 земји ќе се натпреваруваат за музичката круна на Стариот Континент.
Оваа година, пет земји – Шпанија, Ирска, Холандија, Словенија и Исланд – го бојкотираат натпреварот во знак на протест против учеството на Израел. Сепак, израелскиот пејач Ноам Бетан е меѓу 15-те натпреварувачи кои се во првото полуфинале вечерва во арената „Виенер штадхале“. Првите 10 од ова полуфинале се пласираат во големото финале в сабота заедно со 10-те што ќе се пласираат од второто полуфинале в четврток.
Во Виена се очекуваат неколку пропалестински демонстрации за време на евровизиската недела, а безбедносните мерки се засилени.
Во првото полуфинале ќе бидат изведени 17 песни. Но 15 национални песни се натпреварувачки, а две земји автоматски се квалификуваат за големото финале. Велика Британија, Германија, Франција и Италија автоматски се квалификуваат за финалето бидејќи се меѓу најголемите учесници во натпреварот.
Минатогодишниот победник Австрија како земја домаќин исто така оди директно во финалето.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР | ФОТО
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
