Македонија
15. јуни 2026 - 16:38

Почна расправата за законот за правична застапеност

Почна расправата на планарна седница за законот за правична застапеност. Решението кое доаѓа по укинувањето на балансерот, ќе стави крај на партиските влијанија во јавната администрација и ќе донесе вработувања базирани на мерит системот. Законот никому нема да се одземе некакво право им порача вицепремиерот Беким Сали на пратениците. Ги повика сите да го поддржат предложениот закон.

Законот кој е во прво читање ги судри ставовите на партиите од албанскиот блок. Институциите ќе останат без механизам за правична застапеност, реагира албанската опозиција кој повторно се закани со блокада на законот.Од ВРЕДИ пак им порачаа се става крај на злоупотребите.

За дел од експертите кои учествуваа на јавната дебата за законот ова решение е подобро од укинатиот балансер, за дел пак има сериозни недостатоци кои не ги исполнува вредностите од Охридскиот договор.

Со предлог-законот се предвидува квалификациите, стручноста и професионалните способности да бидат примарен критериум, додека припадноста кон одредена заедница може да се земе предвид само како секундарен фактор. Ке се донесува во постапка со „Мал бадендер“, односно со гласовите на мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници.