Почна изборот на нов состав на антикорупциска – На листата пријавени судии, адвокати, функционери
Актуелната судијка во Кривичен, Славица Андреевска, братот на обвинителката Фатиме Фетаи, Накил Фетаи, членот на ДИК Борис Кондарко, адвокатката Јошевска, разрешени судии, директори, ревизори, новинари влегуваат во трката за нови членови на Антикорупциска. Собранието ја започна тридневната постапка за избор на нов состав на Комисијата. Селекцијата додега ја поминале 42 кандидати, а сите ветуваат дека со своето искуство ќе придонесат во борбата со корупцијата. Им забележаа на актуелните антикорупционери дека не вложиле доволни напори за подобра комуникацја со Обвинителството, за да се завршат отворените предмети.
По интервјуата кои треба да завршат викндов, треба да бидат избрани нови шест членови и претседател на Комисија за спречување на корупција со мандат од пет години. Еден од главните критериуми за потенцијален избор на кандидатите кои конкурират за место во ДКСК е да имаат најмалку шест години искуство во случаи кои откриваат криминал и корупција. Дополнително претседателот и членовите на ДКСК не треба да биле членови на Собрание, ниту во Влада, ниту пак донатори или функционери во политичка партија.
Мандатот на актуелната Комисија истекува на 7 февруари следната година.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
