Македонија
18. February 2023 - 16:34

Почна испитувањето на изворите кај Свети Наум

Се испитува состојбата на природното наследство на изворите во Свети Наум. Се прави процена на неговиот биодиверзитет и еко системот се со една идеја  поголема заштита.Станува збор за строго заштитена зона од каде се напојува охридското езеро.Од НП Галичица најавија дека се прави и сеопфатна дата база со идентификувани нелегални објекти на целата територија на паркот кои ќе бидат доставени до сите релевантни институции во земјата.

Добрите познавачи сметаат дека потребно е заштитата да се подигне на едно повисоко ниво на локалитетот Свети Наум кој  е богат со ендемична флора и фауна.

Со проектот кој е финансиран од страна на Унеско, а го спроведува Националниот парк Галичица, за прв пат е изработен посебен план за управување со комплексот на изворите во Свети Наум.