Македонија
28. јуни 2026 - 21:25

Почина Владо Јаневски

Почина Владо Јаневски. По кратко боледување, на 66 години ја загуби битката во билница.

Владо Јаневски е роден на 27.11.1960 во Скопје.

Тој е еден од најголемите македонски поп-пејачи и композитор. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“ и многу други.

Има завршено Филолошки факултет, одсек англиски јазик и литература, членувал во музичките групи Ластовица, Бон-тон, Тост-сендвич, има учествувано по многу фестивали и е првиот официјален претставник на Македонија за изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро.“ во Бирмингем, 1998 година.