Македонија
29. јуни 2026 - 8:59

Почина режисерот Сашо Миленковски

Режисерот Сашо Миленковски почина на 63-годишна возраст, потврди Драмски театар — Скопје. 

Во текот на својата богата кариера, Миленковски реализира повеќе од педесет режии на сцените во Македонија, поранешна Југославија и Европа. 

Како автор, Миленковски ги реализира и своите сценски проекти „Коледе“, „Гејм овер“ и „Ова не е американски филм“. Неговиот придонес кон независната сцена е значаен и преку основањето на театарот „Бабилон“ во 1999 година.

Во периодот од 2006 до 2010 година ја извршуваше функцијата директор на Македонскиот народен театар, а од 2010 година беше драматург во Драмски театар – Скопје, каде активно учествуваше во создавањето на современиот репертоар.

Годинава ја доби Наградата за животно дело на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Ново на Сител