Почина пејачката на култната шведска поп група Роксет

Пејачката на популарното шведско поп дуо Роксет, Мари Фредриксон почина на 61-годишна возраст после 17-годишната битка со ракот.
Шведската поп ѕвезда, чии најпознати хитови беа „It Must Have Been Love“ и „Listen To Your Heart“, почина во понеделникот.
Музичарката се повлече од турнеи пред три години по налог на лекарите, а зад себе ги остави сопругот Микаел Болиос и нивните две деца, ќерката Инез Јосефин (26) и синот Оскар (23).
Во 2002 година Мари колабираше и имаше напад додека џогирала со сопругот и тогаш и беше дијагностициран тумор на мозокот.
Мари поради месеците поминати на хемотерапија и радијација, остана слепа на левото око и со намален слух и способност за говор, а во 2005 година објави дека се чувствува здраво и нема повеќе потреба од лекарски третмани.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
