Почина Миња Субота
Познатиот композитор, пејач, ТВ-водител и забавувач Милан – „Миња“ Субота почина на 83-годишна возраст, објави денеска Српската радио-телевизија.
Роден е во Сараево на 8 ноември 1938 година. Основното училиште, гимназија и високото образование (Електротехнички фкултет) ги завршил во Белград. Како композитор, Миња потпиша бројни хитови на популарна поп-музика и шансони, а како пејач сними повеќе плочи во поранешна Југославија и поранешниот СССР.
Неговите композиции се изведувани и наградувани на многу фестивали, како што се Белградска пролет, Мелодија на Јадранот, Загрепскиот фестивал на поп-музика и други. Како телевизиски автор, има удел во многу серии што останаа запаметени, како што е „Од глава до петици“.
Тој е автор и водител и на емисијата „Мјузик слајд“, која се емитуваше 18 години и уриваше рекорди во однос на гледаноста на телевизијата.
Миња шест години беше и уредник и водител на Фестивалот за детски песни во Белград, со што поттикна основање и на други детски фестивали во поранешна Југославија.
Ново на Сител
-

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии
-

Ливерпул прв тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони
-

Сан Антонио го победи Портланд во првиот натпревар од плејофот, Вембањама постигна 35 поени
-

Гостиварец остана без „мерцедес“ откако возел 178 км/ч на место каде е дозволено 80
-

Научници развија сензор за откривање дијабетес преку дишење
-

Зеленски: Европа треба да разработи сопствен систем за противракетна одбрана
-

Артета: Премиер лигата почнува одново, Сити има натпревар помалку, Арсенал е три бода понапред
-

Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
