Почина 83-годишен пациент заразен со западнонилска треска
Почина 83-годишен пациент заразен со западнонилска треска но и со повеќе хронични заболувања.
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево.
Во моментот регистрирани се 26 случаи од страна на ИЈЗ, а за 24 се потврдени дека се носители на вирусот. 25 се од Скопје, а еден е од Велес. Станува збор за повозрасни мажи над 60 години, кој претежно работеле земјоделско градинарски работи во приквечерните и раноутринските часови.
На Клиниката за инфективни болести, досега се регистрирани 29 пациенти, од кои 5 се во тешка состојба и се на механичка вентилација.
Ново на Сител
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
