Пленарната седница за потребата од уставни измени во петок - партиите забарикадирани во познатите ставови
На пет дена пред собраниската седница за уставните измени нема промена во ставовите и соодносот на силите меѓу власта и опозцијата. Владејачкото мнозинство кое стои зад промената на Уставот за внесување на Бугарите во него се уште нема обезбедено 80 пратеници.
Од ВМРО-ДПМНЕ децидни дека во петок нема да има уставни измени и едиствен излезе од политичката криза во која би западнала државата се предвремени избори.
Албанската опозиција иако нема проблем со уставбните измени сепак, не се откажува ни од своите услови.
Аргументот на власта е дека со поддршката на уставни измени се забрзува европскиот пат на државата. Како дел од преговарачката рамка, велат од СДСМ и ДУИ, нема да може да се организира втората меѓувладина конференција со Брисел, а со тоа не можат да се отворат и контректни поглавја за преговори.
Предложените уставни измени подразбираат измени во делот на Премабулата и Комитетот за односи меѓу заедниците каде се набројуваат деловите од различни народи што живеат на територијата на Македонија.
Седницата за утврдување на потребата за промена на Уставот трае најмногу 10 дена. Имајќи ги пред вид политичките ставови се претпоставува дека таа ќе трае ден до два, по што спикерот Џафери како што најави ќе го одложи гласањето на неодредено време чекајќи сигурно 2/3 мнозинство.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
