Македонија
11. July 2022 - 12:27

Питачи на улиците во Струга

Питачењето се уште сериозен проблем во Струга. Голем е бројот на малолетни деца кои чекаат милостина од минувачите. Ги има насекаде во центарот на градот низ чаршијата и плажите особено во летниот перод кога голем број од иселениците се враќаат во родниот град. Градоначалникот Мерко тврди дека станува збор за лица кои доаѓаат на печалба од други градови.

Мерко најави дека општината веќе работи на справувањето со овој, долгогодишен проблем во координација со полицијата и центарот за социјални работи.

Проблемот со питачењето години наназад се провлекува низ институциите, наделeжните постојано најавуваат дека се вршат акциски контроли но лицата  кои питаат најчесто немаат точно живеалиште и повторно се враќаат на струшките улици. Казната за лицата кои питачат изнесува од 15 до 50 евра.