Питачењето сериозен проблем во Охрид и Струга
Питачењето сериозен проблем во двата крајезерски града. Децата приморани на екстремно ниски или високи температури, боси и полуоблечени питачат. Истражувањата од невладината „Градиме иднина“ покажале дека во Охрид пет лица секојдневно питачат додека бројката во Струга е драстично поголема. Во летниот период, во екот на туристичката сезона пак бројката на питачи може да достигне и до 70.
Питачите најмногу ги има во угостителските објекти, ноќните барови и клубови од невладината „Градиме иднина“ бараат да се стави крај на питачењето.
За надминување на овој проблем во повеќе наврати надлежните институции посочија дека потребно е системско решение, нивно згрижување и ресоцијализација со соодветни стручни тимови.
Инаку според податоците на здружението „Градиме иднина“, секојдневно во државата питачеле по околу 2.000 лица.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
