-->
-->
Пиете вода од шишето кое ви стои во автомобилот? - Не можете ни да замислите колку е тоа опасно по здравјето!
-->

Колку пати ви се случило, особено летно време, да "умирате" од жед за вода додека се возите во вашиот автомобил, а потоа, здогледувате, таму меѓу седиштата шише со вода, кое некогаш, ни самите не знаете кога, сте почнале да го пиете.
Многумина веднаш посегнуваат по неколку голтки вода, бидејќи, нели, водата нема рок на траење. Но, токму тука се прави најголемата грешка!
Водата која стоела неколку дена во автомобил и притоа, тој бил изложен на сонце, во потполност го менува својот хемиски и бактериолошки состав!
Имено, доколку температурата надвор е околу 30 степени, внатре во автомобилот ќе биде 45.
Доколку тој стои неколку часа изложен на сончевите зраци, температурата може да се искачи и на 70 степени. Можете само да претпоставите што се случува со водата во пластичното шишенце.
Еве што се случува:
Спроведени се истражувања на оваа тема, при што се покажало дека пластичните шишиња, на вакви температури испуштаат "Бисфенол А", кој го имитира излачувањето на естроген и придонесува за дисбаланс на хормоните.
Овој елемент, исто така е поврзан и со дијабетесот, како и зголемувањето на телесната тежина.
Покрај тоа, загреаната пластика испушта и "Антимон", исто така опасен елемент за здравјето на луѓето.
Затоа, пластичните шишиња, дури и ако не се отворени, секогаш чувајте ги на ладно и темно место, како би ги избегнале сите овие ризици по вашето здравје!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
