Петти ден од војната Израел – Хамас, бројот на загинати расте, Газа остана без струја
Израелските воздухопловни сили во текот на ноќта и утрово уништија над 200 цели на Хамас во областа Ал Фуркан во северниот дел на Појасот Газа. Според израелското воено раководство, таа област е база за бројни напади кои се извршени против Израел. Армијата објави дека и уништиле напреден радарски систем, развиени од палсетинските милитанти кој служел за препознавање летечки објекти над Појасот.
Портпаролот на Хамас објави дека во изрелските воздушни удари во текот на ноќта загинале најмалку 30 луѓе и ја потврди смртта на двајца високи функционери на групата. Соопшти и дека појасот Газа останал без електрична енергија.
Хамас возврати со ракети врз градот Ашкелон. Најмалку три лица се повредени а оштетени се голем број станбени згради и возила соопштија градските власти.
Најмалку 1.200 луѓе се убиени во Израел откако Хамас започна брутален напад на Израел во саботата. Околу 3000 лица се повредени. Најмалку 169 израелски војници се убиени во борбите со Хамас, соопшти израелската армија.
Бројот на Палестинци загинати во контранападите на Израел се искачи на 1055 а повеќе од 5000 луѓе се ранети.
Обединетите нации ги повикаа двете страни веднаш да ги прекинат нападите врз цивилите, а од Хамас побараа и да ги ослободат сите заробени цивили.
- Сите страни мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право. Тие мора веднаш да ги прекинат нападите насочени кон цивили и нападите што се очекува да предизвикаат непропорционална смрт и повреда на цивили или оштетување на цивилни објекти.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан за време на посетата на војниците на границате со Газа, вети моќна одмазда против Хамас. Воздушните удари се само почеток. Ќе следи копнена офанзива, рече Галан.
Кратко по изјавата на израелскиот миниитер за одбрана, поранешниот шеф на Хамас Калед Мешал го повика муслиманскиот свет да протестира в петок за поддршка на Палестинците и сосседните земји да се приклучат на војната против Израел. Во меѓувреме Хезболах ја презеде одговорноста за новиот оган од јужен Либан врз Израел, кој одгооври со бомбардирање прекугранични села. Израелските одбранбени сили соопштија дека првиот авион со американско вооружување пристигнал во Израел а според најавите американскиот државен секератр утре ќе го посети Израел.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
