Пет собраниски комисии, ќе ги разгледуваат правосудните извештаи, стратегиите за безбедност и кадровските прашања

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет собраниски комисии, на чии дневни редови се повеќе предлог-закони, стратегии и точки поврзани со избор и именување на функционери, како и извештаи за работата на правосудните институции.
Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја одржи 49. седница, на која единствена точка на дневен ред е Предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026-2030 година.
Закажана е и 190. седница на Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред се Предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, како и предлог-закони за ратификација на Конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство, Протоколот со Литванија за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, како и договорите со Словенија и Португалија за соработка во областа на одбраната.
Комисијата ќе го разгледува и Предлог-законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање, како и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година.
Ќе заседава и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на 81. седница се Извештајот на Судскиот буџетски совет за реализација на Судскиот буџет за 2025 година, Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2025 година, Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители за 2025 година и Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2025 година.
Закажани се и 60. и 53. седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на кои меѓу другото ќе се утврдуваат предлог-листа за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата и предлог-одлука за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, како и ќе се утврдува Предлог-одлука за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.
На дневен ред се и предлог-одлуки за измени во составот на собраниските комисии и пратеничките групи за соработка со парламенти на други држави, како и за разрешување и именување на претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди „Мајка Тереза“, „22 Ноември“ и „Св. Климент Охридски“.
МИА
Ново на Сител
-

Шести смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна почина 72-годишен пациент
-

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026-2030 година пред пратениците
-

СДСМ: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
