Македонија
18. March 2022 - 12:27
Пештани бара пристаниште
Пештанци бараат пристаниште на брегот на езерото во оваа туристичка населба.Тие велат дека побарале од министерството за транспорт и врски да се изгради простор каде ќе може да застануваат пловните објекти како од мештаните така и од туристите кои ги има во се поголем број но од сето тоа сеуште ништо.Наместо плажите да се узурпираат со пловила да има повеќе слободен простор за посетителите .
Жителите од Пештани велат дека овој предел иако е се попривлечен за туристите изминативе години заостанува како туристичко место.
Од месната заедница од Пештани апелираат по најавите за санација на пристаништата во Охрид и Свети Наум да се изгради пристаниште и во Пештани кое како што велат е неопходно за жителите.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
