Пентагон размислува да повлече речиси една третина од американските сили од Европа и да ги распореди во Кина и Иран

Пентагон разгледува план за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа, и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на седум сегашни и поранешни западни и американски функционери.
Станува збор за можно повлекување на околу една третина од американскиот контингент, односно приближно 25.000 војници, додека некои извори тврдат дека бројот би можел да достигне и до половина од вкупните сили – до 40.000 луѓе.
Доколку тој план се спроведе, тоа ќе биде најрадикалното намалување на американското воено присуство на европско тло од крајот на Студената војна, во време кога на континентот има околу 80.000 војници.
Намалувањето на силите би ги погодило најмногу Германија, Италија и Шпанија, земјите каде што се наоѓаат повеќето американски бази. Лидерите на тие земји влегоа во отворен конфликт со претседателот Доналд Трамп поради нивното одбивање да се приклучат на американската војна против Иран.
Трамп со месеци вели дека Европа мора да ја преземе водечката улога во сопствената одбрана, додека американските капацитети се повеќе потребни за справување со Кина, Иран и нарко-картелите.
МИА
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
