Пендаровски: Корупцијата стана начин на живот во Македонија, потребен е поголем ангажман
Државата не направи доволно за владеење на правото и справувањето со корупцијата, што е клучно за продолжување на европската перспектива – претседателот Пендаровски признава дека и покрај завршниот скрининг ефектите од корупцијата во Македонија се се поизразени. Вели дека таму каде што не владее правото, владеат парите, а.корупцијата стана начин на живот во земјава.
Критики дека Македонија не прави доволно за справување со овие клучни проблеми упати и евроамбасадорот Гир. Обраќајќи се на сесија за националната стратегија за ЕУ, Гир порача дека извештајот на Ек за напредокот на Македонија е реален и чесен. Борбата против корупцијата и владеење на правото се во сржта на напредувањето на Македонија на патот кон Унијата.
Министерот Спасовски пак смета дека за крупни реформи кои ја движат земја напред, потребен е ангажман на сите.
Истражувањата на невладиниот сектор покажаа катастрофални резултати – на половина милион граѓани им било побарано мито, а судовите донеле само четири пресуди за давање или примање поткуп. Од 2021 до 2023 корупцијата котира највисоко на листата на проблеми во општеството. За повеќе од 63 проценти од граѓаните корупцијата е проблем кој најмногу ги засега.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
