Пејачката Дафи била заробена, дрогирана и силувана пред да се повлече од сцената

Пејачката Ејми Дафи, попозната само како Дафи, пред десетина години се повлече од музичката кариера. Сега, на Инстаграм таа сподели приказна како тогаш била заробена, дрогирана и силувана од непознато лице.
„Може само да замислите колку пати помислував да го напишам ова… За начинот на кој би го напишала, како би се чувствувала потоа… Многу од вас се прашуваа што ми се случува и зошто исчезнав? Новинар ме контактираше, дојде до мене и јас му раскажав сè минатото лето. Беше неверојатно тоа што конечно проговорев”, раскажува Дафи.
Натаму, таа истакнува дека сега е добро и на сигурно.
„Неколку дена во заробеништво, силувана и дрогирана… Но, секако, преживеав. Закрепнувањето потраја, нема лесен начин тоа да се рече. Последново десетлетие илјадници денови ги посветив на тоа – повторно да почувствувам радост во моето срце, а сега го чувствувам сега”, нагласува пејачката.
Таа во објавата никаде не вели дека покренала какво било обвинение за случајов.
„Се прашувате и зошто не го искористив својот глас за да ја изразам болката што ја чувствувам? Не сакав да му ја покажам на светот тагата во моите очи. Се прашував како можам да пеам од срце, ако тоа е скршено. Полека заздраве и веќе не е скршено”, вели Дафи натаму.
Најави и интервју, во кое ќе одговори на сите прашања на обожавателите, замоли да не се вознемирува нејзиното семејство и им се заблагодари на сите за разбирањето и поддршката.
„Ве молам, поддржете ме да го направам ова позитивен пример и искуство“, нагласува таа на крајот од објавата.
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
