Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани

Пченицата и јачменот кои деновиве интензивно се жнеат во битолскиот дел на Пелагонија се со подобар квалитет од лани, информираа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ).
Од АПРЗ со седиште во Битола нагласуваат дека годинава освен подобар квалитет има и поголеми приноси на пелагониската житница.
- Жетвата во Пелагонија е во полн ек. Јачменот е ожнеан со над 90 проценти од вкупните површини и има приноси од над пет тони по хектар, додека пченицата е ожнеана на 50 проценти од вкупните површини со пченица и приносот се движи од 4,5 до 5 тони по хектар. Сакам да истакнам дека квалитетот на пченичното зрно, но и јачменот се подобри од лани, истакна Пеце Стојковски, директор на АПРЗ Битола.
Според експертите од АПРЗ подобрите приноси се должат на навремена подготовка на земјоделските површини, стручен пристап и почитување на препораките на експертите од земјоделците во услови на климатски промени.
МИА
Ново на Сител
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
