Македонија
29. April 2022 - 16:32

Пчеларите од Охрид ќе ја бараат правдата во Стразбур

Пчеларите од Охрид го кренаа својот глас згрозени како што велат од судската пресуда пчелар да плати казна во висина од 10 илјади евра  бидејќи неговите пчели каснале охриѓанец во 2014 година поради претрпени душевни и физички болки.Тие најавија дека правдата ќе ја бараат во Стразбур и обвинуваат дека ваквата пресуда е директен удар врз пчеларството.

Грозданов вели дека апсурдно е тоа што пресудата е донесена после 8 години, малтретиран по институциите се надевал дека правдата ќе биде задоволена но од сето тоа ништо ,сега како што најави планира да продава дел од имотот за да ја исплати казната.

Инаку од здружението од Охрид велат дека ова е прв ваков забележан случај посочувајќи дека во  државава има околу 8 илјади пчелари од кои поголемиот дел  живеат од таа гранка но со ваквата пресуда сите размислуваат за намалување на пчелниот фонд.