Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива

Државниот пазарен инспекторат денеска најави дека ќе врши засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива, во согласност со одлуките на Владата за ублажување на економските последици и заштита на домашното земјоделско производство.
- ДПИ ќе постапува по сите утврдени неправилности и ќе изрекува соодветни мерки и санкции согласно со законските надлежности. Апелираме до сите економски оператори во големопродажба и малопродажба да постапуваат во согласност со донесените одлуки, со цел обезбедување фер пазарни услови и заштита на интересите на земјоделците и граѓаните. Државниот пазарен инспекторат останува посветен на доследна примена на законите и заштита на економската стабилност, соопшти ДПИ.
Контролите ќе бидат насочени кон доследна примена на утврдените мерки, според кои како највисоки цени на залихите во трговијата на големо на неоргански ѓубрива се утврдуваат цените што се применувале во трговијата на големо на 15 април 2026 година намалени за 10 проценти, а се ограничуваат највисоката бруто-профитна маржа во трговијата на големо и мало на неорганските ѓубрива до 5 проценти, а до 10 проценти на органските ѓубрива, органо-минералните ѓубрива, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата.
Пазарниот инспекторат потсетува дека дополнително се воведува обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива. Трговците на мало се должни месечно да обезбедуваат и продаваат најмалку 70 проценти од просечната количина што ја набавиле во 2026 година, додека трговците на големо се обврзуваат да ги снабдуваат трговците на мало со најмалку 70 проценти од просечно продадените количини.
Одлуките на Владата ќе се применуваат заклучно со 31 мај годинава.
МИА
Ново на Сител
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
-

Во Србија во крајот на јуни најавени големи митинзи на владејачката СНС
-

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 25 степени
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
