Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето

Патник на лет на „Американ ерлајнс“ бил совладан, врзан со пластични лисици и залепен со селотејп за седиштето, откако станал агресивен и нападнал други патници. Поради инцидентот, авионот принудно слетал во Балтимор, пренесува Си-ен-ен.
Летот 618 патувал од Далас кон Њуарк во четвртокот вечерта кога маж во првата класа почнал агресивно да се однесува и да упатува навреди. Според сведоци, тој удрил патник кој седел до него, а потоа и жена која се обидела да интервенира.
Во совладувањето на мажот се вклучиле неколку патници, меѓу кои и пензиониран полицаец од Њу Џерси. Екипажот им дал пластични лисици со кои му ги врзале рацете, но мажот продолжил да се спротивставува и каснал еден од патниците. Потоа употребиле селотејп за дополнително да го врзат за седиштето, внимавајќи да не му ја покријат устата и да не му го попречат дишењето.
Еден од патниците околу 15 минути седел врз него за да го спречи повторно да стане, сè додека авионот не слетал на меѓународниот аеродром Балтимор/Вашингтон.
По слетувањето, полицијата го уапсила мажот, а авионот потоа го продолжил патувањето кон Њуарк.
„Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е наш најголем приоритет и не толерираме насилство“, соопштија од „Американ ерлајнс“.
Според американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА), годинава се пријавени повеќе од 1.160 инциденти со недисциплинирани патници. За напад, закани или попречување на работата на екипажот може да бидат изречени и казни повисоки од 43.000 долари.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
