Македонија
8. January 2024 - 16:33

Партиите се уште тактизираат во пресрет на изборите

Собраниската седница закажана за 16 јануари ќе биде првата можност мнозинството да ја почне постапката за подготовка на изборниот процес. Премиерот Ковачевски се очекуваа пред крајот на наредната недела да поднесе оставка во Собранието кое треба да добие и нов Претседател бидејќи Талат Џафери ќе стане технички премиер.Целата процедура треба да заврши пред 28 јануари.

СДСМ веќе најави дека нема да прави рокади на министерските места додека ВМРО-ДПМНЕ своите кадри ќе ги официјализира на седницата на извршниот комитет закажана за во четврток. Неофицијално Наќе Чулев ќе биде Министер за внатрешни работи а како најсериозен кандидат за заменик во земјоделие се споменува Цветан Трипуновски. Опозицијата ќе предложи и Министер за труд и социјала како и заменици уште во информатичко општество и финансии.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека до овој момент немаат контакти со власта за изборите

Во таборот на владејчкаите партии и натаму трае процесот на преговори за заеднички настап на изборите но до овој момент, СДСМ се уште го нема договорено ДУИ како свој партнер на изборните листи. ДУИ истовремено преговара и со Алијанса од каде се на ставот дека не треба да одат во коалиција со СДСМ, додека држат отворена врата и во Мала Речица но и кај Албанската опозиција.
Паралелно тече и изборот на кандидати за претседател.

Ако Ковачевски не успее да го договори Ахмети за очекување е ДУИ да лансира свој кандидат во претседателската трка каде веќе учество најави и албанската опозиција. ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека ако ДУИ остане без кандидат тогаш шансите за било каква соработка во иднина ќе бидат сведени на нула. Таму пак, веќе се издвоија Силјановска и Спасеновски како најсериозни кандидати  пресрет на партиската конвенција закажана за почетокот на март, додека во СДСМ се поголеми шанси добива актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи заедно со парламентарните на 8 мај.