Македонија
12. April 2022 - 16:41

Партиите без договор за уставните судии

Изборот на 4-ца судии што треба да обезбедат посигурен кворум за работа на Уставниот суд се уште стои во место иако собрнаиската Комисија за избори и именувања е доофрмена уште пред еден месец.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта го одложува изборот бидејки бара партиски кадри. 

Новата претседателка на собраниското тело Марија Ѓорѓиевска од СДСМ вели дека не закажува Комисија бидејќи официјално немало предлози од партиите.

„Разговарав со членовите на Комисијата и очекувам во најскоро време да ме известат за нивните предлози. Веднаш штом имам информација дека има предлози, ќе закажам продолжение на Комисијата за предлагање уставни судии“, ни одговори Ѓорѓиевска.

Од Уставен суд велат дека немаат никаква информација од парламентот за изборот од февраури кога со писмо претседателката Кацарска побарала да се убрза процесот.

„Оттогаш немаме официјална информација што се случува и зошто не се бираат судиите”, велат од Судот.

Во Уставниот суд уште пред неколку месеци од 9 судии остана само со 5, што е минимум за да може да носи какви било одлуки.