Паразитска епидемија во САД: Илјадници нови случаи за само една недела

Ширум САД се регистрираат нови случаи на заболување со паразитот „циклоспора кајетаненсис“ (Cyclospora cayetanensis), иако американскиот министер за здравство, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, пред десетина дена изјави дека паразитската епидемија во земјата е ставена под контрола.
Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), само во периодот од 21 до 28 јули биле евидентирани околу 2.500 нови случаи. Од 1 мај досега потврдени се повеќе од 6.700 случаи, со уште над 11.500 случаи кои чекаат лабораториска потврда или дополнителна анализа.
Иако симптомите можат да бидат многу непријатни, досега не е регистриран ниту еден смртен случај. Во болница биле хоспитализирани 423 лица, но никој не починал. Здравствените експерти се уште го истражуваат изворот на заразата со паразитот што предизвикува зачестена и интензивна дијареа.
Превично најголемо сомневање падна врз компанијата „Тејлор Фармс“, еден од главните снабдувачи на синџирот ресторани „Тако Бел“, откако Американската агенција за храна и лекови (ФДА) соопшти дека пронашла траги од паразитот во нивна пакувана сечкана зелена салата.
Подоцна ФДА ја повлече таа информација, наведувајќи дека станувало збор за лажно позитивен лабораториски резултат. И покрај тоа, „Тејлор Фармс“ доброволно целосно од продажба ја повлече спорната салата.
Од Центарот за превенција на болести предупредуваат дека вистинскиот број заболени е тешко да се утврди, бидејќи многу лица закрепнуваат без лекарска помош и воопшто не се тестираат за циклоспороза.
Најпогодени со болеста се сојузните држави Мичиген и Охајо. Само во Мичиген, според тамошното Министерство за здравство, бројот заразени надминал десет илјади. Случаи се уште не се пријавени единствено во Монтана, Ново Мексико, Мејн, Јужна Каролина и на Хаваите.
Експертите советуваат темелно миење на овошјето и зеленчукот пред употреба или храната да се подложи на термичка обработка, бидејќи високите температури ги уништуваат микроорганизмите.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува гаснењето на пожарот во централна Грција – во текот на ноќта евакуирани села
-

Мигрантската криза во Сеута повод за меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим
-

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци
-

Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин и марихуана, приведено едно лице
-

Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
-

Зголемена фреквенција на Табановце и Богородица, чекањата до еден час
