Пад на социјалните мрежи ВацАп, Телеграм и на ЈуТјуб

Корисниците на ВацАп (WhatsApp) во многу земји пријавија проблеми со социјалната мрежа.
Најголем број поплаки се од корисниците во Европа (Шпанија, Франција, Италија, ГЕрманија, Белгија, Велика Британија) и низа држави во Јужна Америка (Мексико, Бразил, Аргентина, Перу). Во Русија најчесто се жалат граѓаните на Москва.
Околу 96 проценти од клорисниците на ВацАп изјавиле дека не можат да се позврзат со серверот, додека три отсто пријавиле пад на страната.
Пад е забележан и на најголемата платформа за видеосодржини ЈуТјуб, 61 процент пријавиле неможност за гледање видеа, 34 отсто имале проблеми со вчитување на страницата, а четири проценти немале пристап.
Проблеми пријавени се и со Телеграм, при што 86 проценти пријавиле дека неможат да се поврзат со мрежата, а 13 отсто дека не можат да објават содржина.
Ново на Сител
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
-

„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија
-

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
-

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар
