Македонија
7. April 2022 - 12:36

Овоштарите од Охрид стравуваат за пласманот на охридската цреша

Охридските овоштари загрижени за извозот на годинешниот род цреши. 

Поради воениот конфликт затворени се традиционалните пазари во Русија и Украина. Тие стравуваат каде ќе ја пласираат црешата, бидејќи како што посочуваат од напред ако не е договорен пласманот, извозот ќе пропадне. 

И минатата година тежок бил  откупот, но тие се плашам дека годинава ќе е уште потешко.

Овоштарите велат дека црешата се уште не може да ја пласираат на западноевропскиот пазар согласно нивните стандарди и барања, и бараат од Владата да издејствува пласман на пазарите. 

Како што посочуваат овоштарите 95 проценти од производството на охридската цреша завршувало на рускиот пазар, 40.000 македонски земјоделски семејства егзистирале од пласманот на пазарите во Руската федерација и Украина.