Овој профил на Фејсбук никој не може да го блокира

Во време на социјалните мрежи нормална појава е некој корисник да блокира друг од која било причина и на тој начин се оневозможува пристап на објавите и директно праќање на пораки.
Иако се претпоставува дека можете да се блокирате секого, се чини дека не е сосема точно.
Имено, ако на Фејсбук се обидете да ги блокирате постовите на Марк Цукерберг, ќе ви стигне порака дека тоа не можете да го направите.
По појавата на оваа инфромација, многумина корисници на социјалните мрежи оценија дека се работи за неговата суета, дека Цукерберг ја искористил сопствената позиција и оневозможил да биде блокиран или дека станува збор за „шега“ на инженерите на Фејсбук, кои „сакале да му се додворат на моќниот шеф“.
Но, по се изгледа дека ништо од ова не е точно, туку дека се работи за безбедносна заштита, односно автоматска реакција на системот на Фејсбук.
Службениот одговор од Фејсбук открива дека постои нешто што се вика „блокер на блокирање‟ кој е автоматски систем кој реагира кога одреден профил е на удар на повеќекратни блокирања.
Некогаш злонамерници покренуваат кампањи против одредни поединци од повеќе извори, осносно од различни профили почнуваат да блокираат одредено лице. За да се спречи тој „мобинг“, Фејсбук изработил заштитен систем, што ќе ги штити луѓето кои некој ги напаѓа, објасни компанијата.
Но, голем број корисници на социјалните мрежи од ваквото образложение извлекоа заклучок дека многу луѓе сакаат да го блокираат Марк Цукерберг.
Неговиот профил на Фејсбук е меѓу најпопуларните во светот, со над 40 милиони пријатели.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
-

ТФТ го загуби и вториот натпревар против Борац во баражот за АБА лигата
-

Алегри по поразот од Аталанта: Примивме гол уште од самиот почеток, а потоа се распаднавме
-

Герасимовски: Финансиска поддршка за cанација на покриви и лифтови
-

Кос: Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан
-

Георгиадис: Не постои апсолутно никаков страв од ширење на хантавирусот во Грција
-

Почнува судењето на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Апелациски суд ќе ги разгледува жалбите на пресудата за убиствата на Вања и Панче
