Свет
31. August 2026 - 10:37

Осум месеци зад решетки: Мадуро насмеан позира со знак за мир

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро ги објави првите фотографии од американски притвор, речиси осум месеци откако беше уапсен во Каракас и префрлен во САД.

Фотографиите, направени на 25 јуни во Метрополитен притворниот центар во Бруклин, го прикажуваат Мадуро во затворска облека, насмеан и со кренат знак за мир.

„Сакам да знаете дека стоиме цврсто, нашите срца се полни со вашата љубов“, порача Мадуро на социјалните мрежи, опишувајќи ги фотографиите како „мал подарок на љубов и надеж“ за семејството и поддржувачите.

Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се во притвор без кауција откако американските сили ги заробија на 3 јануари во Каракас. Нивното судење е закажано за 1 јуни 2027 година.

Тие се обвинети за заговор за наркотероризам, увоз на кокаин во САД и дела поврзани со оружје. Американските обвинители тврдат дека соработувале со нарко-картели, додека Мадуро и Флорес се изјаснија за невини.

Одбраната на Мадуро го оспорува кривичното гонење, тврдејќи дека тој има имунитет како шеф на држава. Мадуро (63) и Флорес (69) остануваат во притвор во Бруклин.