Остануваме најевтината земја кога станува збор за цените на горивата, продолжува поддршката за нови авиолинии - Мицкоски

Продолжува политиката на субвенцонирање и отворање нови авиолинии. Во изминатите две години отворивме неколку десетици, а како резултат на тоа очекуваме бројот на превезени патници оваа година да достигне 3,5 милиони, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
Аеродромите, потенцираше, веќе забележуваат раст со двоцифрен број проценти, а скопскиот имаше и до 30-тина проценти зголемување споредено со истиот период од минатата година.
Прашан дали се разговара со „Виз ер“ за продолжување на сезонските линии до Сардинија и Сицилија, Мицкоски потенцираше дека ќе продолжи поддршката за дестинациите за кои има интерес.
- За нас тоа е многу важно и како држава планираме да бидеме регионален хаб од каде што ќе може да се поврзат граѓаните од регионот со останатите дестинации во Европа, па зошто да не и во светот - рече Мицкоси.
Во услови на најголема светска енергетска криза, посочи, во услови кога сите ги затвораат своите граници, ние со керозин од Македонија снабдувавме неколку регионални аеродроми.
Мицкоски вели дека не очекува поголемо поместување кај цената на бензините, во однос на претходната недела и како што рече, би имало нивелирање за околу половина денар на безоловниот и на дизел горивото.
- Со тоа повторно остануваме најевтината земја кога станува збор за цените на горивата - изјави премиерот Мицкоски.
Тој повтори дека ќе мора да се прават промени во акцизната политика затоа што сме, посочи, единствениот случај каде што дизел горивото е поевтино од безоловниот бензин.
- Нека се стабилизира кризата, нека легнат работите. Мислам дека акцизите треба за едните и за другите горива да се нивелираат, со тоа што едните ќе се намалат, а другите ќе се зголемат. Такво е искуството и примерот во сите соседни земји, никаде немаме толку драматично поевтин дизел отколку што е безоловниот бензин. Секаде во принцип дизелот е поскап и тоа многу поскап од безоловниот бензин. Нека легнат работите, нека конечно дојде очекуваниот мир и да почнеме да размислуваме во таа насока, изјави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
