Османи: Сите кандидати за амбасадори се соодветни за позициите
Со или без дипломатска кариера, сите испратени амбасадори се соодветни за позицијата која им се доделува – шефот на дипломатијата Османи во одбрана на МНР, откако опозицијата го обвини дека заедно со претседателот Пендаровски свесно ги оставиле македонските амбасади празни и ги довеле во прашање дипломатските односи. Тврди дека во најголем дел како амбасадори се испраќаат првите луѓе на директоратите во МНР.
Со новите амбасадори кои реферираа пред пратениците во матичната комисијата се пополнуваат уште седум празни амбасади. Од неодамна и испратени беа и амбасадори и во Кина. Пополнето беше и местото во НАТО и САД.
Во моментов нема политички договор за празната позиција во Париз, откако во јавноста беше споменато името на екс директорот на АНБ Виктор Димовски. Скандалот Онишченко сепак му пресуди на Димовски и тој не доби доверба за амбасадор. Поради обвинувања за сексуално вознемирување летово беше отповикан и амбасадорот во Токио, па сега и таа позиција е празна.
Според статистиката на МНР, Македонија има 57 дипломатско-конзуларни претставништва, од кои 42 се амбасади, осум се постојани мисии и девет се генерални конзулати.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
