Османи очекува објективен извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Османи очекува објективен извештај од Европската комисија. Признание за постигнатото, но и критики за она што не е завршено. На два дена пред објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија, шефот на дипломатија е искрен, вели земјава е далеку од подготвена за членство во Унијата, но токму затоа ни е потребен стартот на преговорите.
Токму затоа правиме напори да ги отвориме поглавјата за да ги адресираме слабостите. Ние сите сме свесни дека државата денес не е спремна за членство во ЕУ, но далеку е спремна за отворање на поглавјата за да ги адресира токму тие слабости коишто очекувам да ги констатира ЕК во извештајот, изјави Османи
Но за ова да се случи потребни се уставните измени за кои Османи вели дека ќе работат на обезбедување двотретинско мнозинство до последниот момент.
Ние сме определени да работиме до последниот момент, да не оставиме ниту камен непревртен за да обезбедиме европска иднина за граѓаните. Меѓутоа секој ќе треба да се соочи со граѓаните поради своеволната одлука да ја кочи оваа иднина на државата, со сите последици што таа ги носи, рече Османи.
Европската комисија во среда ќе ги објави извештаите за напредокот на земјите кандидатки. Препораките потоа ќе ги разгледуваат европските лидери на декемврискиот самит.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
