Оштетени станари во Гостивар, фирма без лиценца им наплатила 208.500 денари за реновирање на зградата

Фирма од Гостивар на која и била одземена лиценцата за работа, бесправно им наплатила на станари 208.500 денари за реновирање и уредување на внатрешни простории во зградата.
Како што соопшти МВР, поднесена е кривична пријава не само против правниот субјект, туку и против В.Д.(44) од Гостивар кој неовластено се послужил со паричните средства.
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и В.Д.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’ и „послужување“. Во текот на 2025, со прикривање факти, и покрај тоа што била одземена лиценцата за управување со станбени згради, фирмата продолжила да им наплатува на станарите, наводно за извршени услуги (реновирање и уредување во внатрешни простории на зградата) при што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 208.500 денари на име резервен фонд. Второпријавениот неовластено се послужил со паричните средства во износ од 208.500 денари кои му биле доверени од група станари во зграда, наведува МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
