Ормуската Теснина ќе биде отворена по потпишувањето на договорот меѓу САД и Иран

Ормуската Теснина ќе биде отворена по официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Иран, закажано за в петок, соопшти американскиот претседател Долнад Трамп на својата социјална мрежа.
Иранските медиуми повикувајќи се на неименувани извори, исто така објавуваат дека отворањето на Ормуската Теснина ќе следи по потпишувањето на договорот на 19 јуни.
Од првичната изјава на Трамп по објавувањето на договорот можеше да се заклучи дека теснецот ќе биде отворен веднаш, но американскиот претседател подоцна појасни дека тоа ќе се случи по официјалното потпишување.
Трамп додаде дека пловидбата низ поморската рута ќе слободна без какви било такси, на што претходно инсистираше иранската страна.
Пазарите позитивно реагираа на веста за постигнатиот договор за прекин на воените дејства, при што цените на нафтата во раното азиско тргување паднаа за три до четири проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
