-->
-->
Организаторите на УС опен ја казнија Сабаленка со 7.500 долари
-->

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доби казна од 7.500 долари за нејзиното однесување во финалето на Отвореното првенство на САД.
Во решавачкиот натпревар на турнирот, 28-годишната Белорусинка загуби од Елена Рибакина од Казахстан со резултат 4:6, 7:5, 2:6.
На почетокот на натпреварот, Сабаленка ја удри топката кон трибините. Потоа, уште еден удар речиси го погоди снимателот зад основната линија.
По натпреварот, тенисерката седна на клупа и го скрши рекетот на теренот. Кога снимателот ѝ се приближи, Белорусинката непристојно пцуеше на англиски и го замоли да ја остави на мира.
Овој пораз беше прв за Сабаленка на Отвореното првенство на САД од 2023 година. Белоруската тенисерка го освојуваше Грен слемот во Њујорк две сезони по ред.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
